Македонскиот фудбалски репрезентативец, Марио Младеновски на 19 години ќе почне интеранционална кариера во данскиот второлигаш Фремад Амагер.
Новопечениот македонски репрезентативец од редовите на Вардар, откако не ги мина тестовите во украинскиот гигант Динамо Киев се одлучи да потпише догвор со Фремад Амагер, кој има амбиции во новата сезона да избори пласман во елитното натпреаврување во Данска.
Младеновски е одбранбен фудбалер. Тој заедно со неговиот менаџер Горан Попов по завршената работа во Данска позираше во дресот од новиот клуб.