Собрани потписите за изборот на Џафери, мнозинството го нема гласот на Меџити за влада

Зибери за Плусинфо не сакаше ниту да потврди, ниту да демантира дека ставил потпис за изборот на Џафери, ни дали не се согласува некои од предложените министри од ДУИ да не бидат дел од владата. Зибер на сите наши прашања само одговори дека за сите случувања партијата ќе информира преку соопштение.

Парламентарното мнозинство ги стокмило потписите за предлогот Талат Џафери да биде избран за старо-нов претседател на Собранието, но засега сѐ уште виси потребното мнозинство за избор на собранискиот спикер, брифира за Плусинфо пратеник и висок функционер од СДСМ. Изборот на Џафери да оди преку предлог на пратеници, а не преку комисијата за избори и именувања е за да се добие на време, односно првиот парламентарец да биде избран во еден ден.

Повеќе на ПЛУСИНФО.МК

Треба да знаете
Последни објави