Пејсерси не можеа против жешкото трио Робинсон – Драгиќ – Батлер
Мајами хит е на половина пат да обезбеди пласман во втората рунда од плејофот во НБА лигата, откако поведе со 2-0 во серијата против Индијана пејсерс со конечните 109:100. Тимот на Ерик Сполстра уште еднаш покажа дека има повеќе квалитет од екипата која доаѓа од Индијанаполис, по што се најавува „метла“ за Пејсерси.
По фуриозната серија на Мајами од 12-3 на стартот од мечот, Индијана ја презеде иницијативата и држеше резултат речиси до паузата. Пред полувремето Жешките го забрзаа ритамот и ја презедоа контролата, а второто полувреме беше потполно во нивен знак.
Робинсон со 24 поени го предводеше Мајами, Батлер застана на 18 поени, односно два помалку од Драгиќ. Оладипо беше расположен со 22 поени меѓутоа тоа не беше за Индијана да избегне втор пораз во серијата.