Миконос и Халкидики од денеска под рестриктивни мерки

Од 6 часот утрово, на Хаклидики и на островот Миконос стапија во сила новите вонредни рестриктивни мерки, што грчката Влада ги донесе за спречување на дополнителното ширење на коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Според министерската одлука објавена во службен весник на Грција, до 31 август 2020 година, маската е задолжителна и надвор и во затворените објекти, се откажуваат сите настани и манифестации, а во кафулињата, рестораните и слично, дозволени се најмногу четири лица на една маса.

Исти рестриктивни мерки веќе се во сила на островите Парос, Андипарос и Порос .

На Миконос и на Халкидики, како и во 16 други грчки региони угостителските објекти, кафулињата и слично забрането е да работат од полноќ до 7 часот наутро.

Треба да знаете
Последни објави