Неверојатно прво полувреме во финалето од Лигата на Европа во Келн ни приредија Интер и Севилја. Резултатот по 45. минути е 2-2.
„Нероаѕурите“ поведоа со голот на Ромелу Лукаку во петтата минута од пенал со 1-0. Ова беше 34. гол за Лукаку сезонава со што го израмни рекордот на Роналдо за најмногу голови во првата сезона во дресот на Интер.
https://streamable.com/rukxes
Брзо следуваше одговор од Севилја, која преку одличниот Лук де Јонг (12. и 33. минута) успеа да направи пресврт и да стигне до предност од 2-1.
Сепак, тоа не беше се од Интер во првиот дел, бидејќи само три минути подоцна преку Диего Годин успеаја да израмнат на 2-2, резултат со кој се замина на полувреме.
https://streamable.com/kkqww6
https://streamable.com/y4yt3j