Средношколците излегуваат на протест

Средношколците идниот петок излегуваат на протест во Скопје, незадоволни од одлуката на Министерството за образование наставата во новата учебна година да се следи исклучиво онлајн, одлучи попладневоУнијата на средношколците.

Унијата на средношколци бара од властите измена на одлуката, односно овозможување и на физичко присуство на наставата во регионите каде тоа го дозволуваат здравствените услови.

Претставници на Сојузот на средношколците вчера беа во Владата на состанок со премиерот, каде беа детално запознаени со одлуката на Владата за моделот според кој ќе се организира и спроведува наставата во основното и средното образование во услови на КОВИД-19, која е донесена врз основа на стручните анализи и препораки на Комисијата за заразни болести.

Треба да знаете
Последни објави