Пејачот Џеј Рамадановски и поради пандемијата, им помага на гладните

Така е тоа во овој живот. Додека неговата богата колешка Лепа Брена летово троши многу пари во Монако, нејзиниот колега, пејачот Џеј Рамадановски, во Белград се грижи за своите сиромашни сограѓани во екот на пандемијата. Тој купува сè што останало за јадење низ пекарниците и им го дава на оние кои немаат за леб. Како што вели за „Супер ТВ“, тој сè уште добро се сеќава на својот сиромашен живот, па не сака никој да живее така бедно.

– Секогаш пред крајот на смената околу 3 после полноќ, Џеј доаѓа и купува сè што ќе остане. Купува храна за сиромашните. Дури и кога беше болен, тој не се откажа од тоа, вели една продавачка, а Џеј скромно го потврдил тоа…

Преземено од Вечер Прес

Треба да знаете
Последни објави