Ким Јонг Ун е во кома? Дел од овластувањата ги предал на сестра му

За севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун се тврди дека е во кома и дека тоа може да ја доведе земјата до катастрофа.
Поранешен соработник на починатиот претседател на Јужна Кореја, Ким Дае Јунг го изјавил ова за лидерот, неколку денови откако некои овластување и ги предал на својата помала сестра.

– Претпоставувам дека е во кома, но неговиот живот се уште не завршил – изјавил Чанг Сонг Мин за јужнокорејски медиуми.

Чанг Сонг Мин вели дека медиумите објавувале фотографии каде што се гледало дека Ким Јонг Ун присуствувал на владини средби во четвртокот, но новинската агенција „Ројтерс“ не можела да ја провери веродостојноста на фотографиите.

За севернокорејскиот претседател, за кој се вели дека е стар околу 36 години, оваа година е виден само неколку пати што потикна претпоставки дека би можел да е починат.

Треба да знаете
Последни објави