Трамп вечерва ќе објави големо откритие: САД пронашле лек што го убива корона вирусот за 24 часа!

Пред околу еден час, претседателот на САД, Доналд Трамп, на својот твитер профил најави прес конференција за 17.30 часот по локално време или 23.30 по средноевропско време.

„Важна прес конференција во Белата куќа во 5 и 30 денеска. Многу добри вести!“, напиша Трамп.

Кои се тие „многу добри вести“ засега останува тајна, но 20-тина минути по твитот на Трамп, хрватскиот неделник Национал, на сајтот објави текст во кој тврди дека Трамп ќе објави (Национал вели дека тоа ќе се случи на полноќ по балканско време) дека САД пронашле лек против корона вирусот. Се работи за супстрат од отровна билка која наводно го убива вирусот за 24 часа, а на што Американците работеле посветено во последните три месеци, иако истражувањата започнале многу пред тоа.

Треба да знаете
Последни објави