Хрватска се пробива при врвот во ЕУ според бројките на заразените од коронавирусот

Изминатата недела во Хрватска беше рекордна според бројот на новоинфицирани лица од коронавирусот од почетокот на пандемијата. Најмногу случаи се евидентирани во Далмација  каде денеска на сила ќе стапат нови рестриктивни мерки во битката со пандемијата. Последните четири дена се рекордни, а најмногу заразени се регистирани во саботата кога имало 306 позитивни тестови.

Хрватска по бројот на заразените на 100.000  жители во последните две недели е при самиот врв во ЕУ, пишува порталот Индекс. Моментално во земјата има 52,2 заразени на 100 илјади жители, покажуваат податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Ако се земат во предвид бројките во земјите од Европа, само шет држави се со полоши статистички податоци од Хрватска, а тоа се Шпанија, Малта, Луксембург, Романија, Франција и Белгија.

Поради ваките бројки изминатат недела неколку држави Хрватска ја ставија на листата небезбедни држави во справувањето со коронавирусот. Прва тоа го направи Австрија, па Германија, Словенија и Велика Британија.

Од денеска во Далмација стапувата на сила новите забрани, а тоа подразбира свадбени веселби со 50 лица, а други приватни свечености можата да се организираат во кругот на семјствата и можата да се соберата само 20 лица.  Погребите ќе се извршуваат со најмногу 50 лица.

Кафе-баровите, рестораните можаат да примаат гости само во отворените делови од угостителските објекти.

 

Треба да знаете
Последни објави