Берен е европски крал со рекордна серија од 11 победи

Германскиот фудбалски бундеслигаш Баерн со победата над ПСЖ (1-0) во финалето од Лигата на шампионите е новиот европски владетел, кој го подобри сопствениот рекорд во елитното клупско натпреварување до кое дојде со 11 триумфи во низа. Тимот од Минхен кој ја освои шестата европска титула предовден од стратегот Ханс-Дитер Флик беше ко-лидер во оваа статистичка категорија, а сега осамен на врвот.

Баерн претходното во 2013 година,  под водство на тренерот Јуп Хејнкес и Пеп Гвардиола ја споделуваше првата позициа со најтрофејниот освојувач на европски круни Реал Мадрид, кој во сезоната 2014/15 предовден од Карло Анчелоти, имаа направено победничка серија од по 10 натпревари.

Барселона во два наврата успева да направи серија од по девет победи (сезони 2002/03 и 2014/15), а следна на оваа листа е Борусија Дортмунд со осум победи по ред во сезоната 1996/97.

Треба да знаете
Последни објави