Со насмевки на лицата и на едно од најубавите места во Македонија, ведра средба на Игор со родителите на неговата сакана.
Родителите на Илина Арсова живеат среќни пензионерски денови, а тие со задоволство се запознаа со избраникот на нивната ќерка Илина Арсова, Игор Џамбазов.
Тие имаа средба во еден локал во селото Јанче, во срцето на националниот парк Маврово, но и мини турнеја низ убавините на Македонија.
Ја посетија и куќата на Али Риза Ефенди, таткото на Мустафа Кемал Ататурк, село Коџаџик, општина Центар Жупа, а Игор во описот на една од фотографиите се пошегува: „Браќа Турци, шо не останавте уште 500 години да му се невиди…за фризурата на Илина се погрижи ветерот…“.
https://www.instagram.com/p/CEOJpQsHG1T/
https://www.instagram.com/p/CEOMnqIHTF9/
Преземено од Црнобело