Помина 23 Август, денот кога се сеќаваме на сите жртви на тоталитарните и авторитарни режими во 20 век.Ова зло не смее да се заборави, велат во соопштението од Македонски концепт.
-Во Македонија ниту една институција не го одбележа овој значаен ден!
Тоа е најголем доказ дека Македонија сеуште не е слободна. Фактот на немање капацитет на државните институции, јасно и недвосмислено да ги осудат тоталитарните режими, особено комунизмот, резултираа на овие избори со целосно идеолошко застранување, кое не одведе во сосема погрешен правец, Парламентот стана дувло на национал – болшевизам! Тоа мора да падне.
Македонија е независна но сеуште не е слободна. Време е за следниот чекор. Да ја ослободиме Македонија!