Распродадено издание на единствната летна авантура кај нас – Д Фестивал, кој се одржа во саботата, на главната бина во Дојран. Организаторите, „Пасворд продукција” информираат дека фестивалот поминал во беспрекорна организација и почитување на протоколот од почеток до крај.
-Голем аплауз за најдобрата публика на Д фестивал која помогна фестивалот да порасне во стандард за организација на концерти. Великаните на македонската музика, едни од најквалитетните музички изведувачи на домашниот терен – Суперхикс, Бернејс Пропаганда, Плутос Даутс, Дон Плеја, Бон Праскиза, Принцес Донатсу, Глуми и ЛД Пистолеро заедно со диџеј Гоце, Ронин и Страјк, велат од „Пасворд продукција”.
Паркингот „Гранит” бил исполнет по сите стандарди и препораки за заштита од корона вирусот, а атмосферата во текот на целата вечер била весела, безбедна и разиграна.
-Расположението на публиката, за нас, а и за изведувачите е најголемата награда за целиот вложен труд во организирање на еден ваков настан, одржан во посебни услови и првпат во историјата на фестивалот. Веројатно и еден од ретките европски фестивали кои успеjаа да го одржат својот континуитет. „Д Фестивал и пријателите” ќе се памети како изданието кога организацијата, изведувачите и публиката, заедно создадоа нови вредности, соодветни на времето во кое живееме, истакнуваат организаторите, кои воедно најавуваат дека фестивалот догодина ќе се одржи од 2-4 јули.