(Видео) Судири, вандализам и грабежи во Париз по поразот на ПСЖ во Лигата на шампионите

Улиците на француската престолнина потонаа во хаос, со повеќе инциденти на вандализам и грабежи, по горчливиот пораз на Пари Сен Жермен во последниот меч во Лигата на шампионите против Баерн Минхен, пренесува РТ.

По победата на Баерн од 1: 0 во финалето на најблескавениот турнир во фудбал на Европа, одигран во Лисабон, стотици разочарани навивачи на ПСЖ излегоа од баровите и другите места на улиците на Париз.

https://twitter.com/gregoire_mandy/status/1297649947102281731

Повеќе возила биле искршени и најмалку еден автомобил запален во близина на Елисејските полиња, покажуваат видеата споделени на социјалните мрежи.

Неколку бизниси биле вандализирани и ограбени, вклучително и кафуле и продавница за накит. Интервентната полиција се судрила со хулиганите и притоа уапсила неколкумина од нив.

Претходно синоќа, додека толпите се собираа пред „Паркот на принцовите“ за да го следат натпреварот на огромните екрани, полицијата употреби солзавец откако луѓето фрлаа предмети кон полициските возила.

 

Треба да знаете
Последни објави