Македонија со Заев и Спасовски ќе биде фавела во која ќе владеат криминалот, рекетот и корупцијата

Влада во која Оливер Спасовски е министер за внатрешни работи може да ни гарантира нови скандали и владеење на криминалот во Република Македонија. Оливер Спасовски ќе остане запомнат како министер кој наместо да се бори, за целиот свој мандат го штитеше криминалот во нашата земја.

Нерасчистени убиства, мафијашки пресметки по улиците секојдневни грабежи, и пораст на криминалот како и несигурност кај нашите сограѓани.

Токму Спасовски дозволи Македонија да стане земја во која цвета организираниот криминал и корупцијата. Македонија стана најкорумпирана држава во која градоначалници од власта се претворија во локални шерифи кои под закрила на институциите шверцуваа цигари или тепаа пак граѓани во своите кабинети. Дополнително Спасовски беше закрилник на лица кои рекетираа и ги носеа фамозните милиони евра во Луј Витон куфери кои никој не откри каде официјално завршија.

Со свој личен пример покажа како се злоупотребува функцијата министер за внатрешни работи. Го именува сопствениот братучед за началник на граничната полиција, а исто така во случајот со набавка на автомобили без тендер од кумановската фирма донатор на СДСМ со пари од чешка донација. Тука исто така беше проследена и скандалозната набавка на пасоши вредна 20 милиони евра, како и скандалот со прислушкувањето во јавното обвинителство кое што никогаш не беше расчистен.

Спасовски беше и е срам за македонската полиција затоа што дозволи да се забошоти случајот кога полицајката наводно се само повреди од пајак, со што директно застана во одбрана на лицата кои ги омаловажуваат и напаѓаат службените лица и за истото тоа остануваа неказнети. Наместо професионализација на полицијата, тој воведе принцип на целосна партизација деградирајќи долгогодишни службеници и на нивно место поставувајќи свои послушници кои наместо борба со криминалот си тераа приватни бизниси.

Ете каков кадар Заев на Македонија нуди за да ја води полицијата и во идниот период. Очигледно на Заев му треба докажан помошник кој ќе забошотува криминали а ќе гони политички неистомисленици и на тој начин ќе продолжи да ги заплашува нашите сограѓани.

Со истрошен и транзициски кадар како Оливер Спасовски нема да има борба со организираниот криминал во нашата земја. Владата која ја крои Заев треба да биде продолжеток на времето кога полицијата ќе остане само нем посматрач на прекршувањата на законите кои ќе продолжат да го прават подземјето во коалиција со моќниците од власта.

Македонија со Заев и Спасовски ќе биде повторно фавела во која ќе владее криминалот и безредието.

 

            Прашање: Се појави иницијативен одбор за свикување на вонреден конгрес на партијата велат дека претседателот на партијата треба да си поднесе оставка според стандардите на европските демократии затоа што ги изгубил изборите и не успеал да состави влада посочуваат дека имаат голема поддршка од структурите на партијата од членството од делегатите од централен, извршен комитет како вие ги коментирате овие случувања?

            Одговор: Видете ние сме сериозна политичка партија и во нашата политичка партија има сериозни тела и органи кои што одлучуваат по сите овие прашања кои што вие ги споменавте сега ние не исполнуваме нечии желби и не сме тука за да задоволуваме нечии детски сништа и апетити кои што не им биле задоволени во изминатиот период. Ќе повторам и ќе потенцирам во нашата партија партиски органи кои што одлучуваат за секакви процеси во иднина, до нас како политичка партија нема стигнато никакво барање од тој таканаречен, самонаречен иницијативен одбор или како и да е доколку пристигне некаков тип на барање до нас истото ќе биде разгледано нормално во рамките на партијата и партиските органи и тн..Подоцна ќе се одлучи по основ на тоа барање и ќе им биде одговорено на истите. Нас многу поголем приоритет во наредниот период  но и изминатиов период ни беше борбата против криминалниот октопод во Република Македонија на чело со Зоран Заев и така ќе остане и во иднина во Македонија имаме бројни и илјадници скандали не само во периодот на предизборието туку и во самиот изборен процес кога се случуваше во Република Македонија гледаме и дека една низа на скандали продолжуваат и сега откако нели завршија изборите Евростандард Банка е последниот пример каде што јасно се гледа дека има и вмешаност на поединци од власта од тој криминален октопод на чело ќе повторам со Зоран Заев така да нас приоритет ќе ни остане заштита на нашиот народ интересите заштита на интересите на македонскиот народ и понатаму како што ни беше во минатото и сериозна сериозна борба против организираниот криминал, корупцијата односно борба против Зоран Заев.

Треба да знаете
Последни објави