Куман почна со реконструкција во Барселона од Суарез

Новиот тренер на шпанскиот фудбалски гигант Барселона, холандскиот стратег Роналд Куман отпочна со реконструкција на тимот, а прв настрада искусниот напаѓач Уругаваецот Луис Суарез. Оваа одлука како да беше очекувана за Уругваецот Суарез, бидејќи во неколку наврати тој јавно говореше дека Барселона треба да го инфомира навреме ако не сметаат на неговите услуги во новата сезона. Тоа се случило пренесува Каталонското радио „РАК1“ откако Куман имал разговори со Суарез.

Ова е првиот потег на Куман околу составување на новиот тим. Приоритет на Барселона е да се засдржи Лионел Меси на „Камп Ноу“. Аргентинецот кој целата своја кариера и фудбалска слава ја стекна токму во Барселона искажува незадоволство од ситуацијата која владее во тимот.

Како можна десетинација на Суарез се споменува негово враќање во редовите на Ајакс.

Треба да знаете
Последни објави