„Нè удираа, нè затвораа во самица и по 20 часа дневно“- Парис Хилтон открива мрачни детали од тинејџерските години

Целиот свет знае за Парис Хилтон и повеќето луѓе ја гледаат само како разгалена богаташка. Но, изгледа дека богатата наследничка криела неколку мрачни тајни од нејзината младост.

Во септември оваа година, на нејзиниот YouTube канал, Парис Хилтон ќе го објави документарецот за нејзиниот живот насловен This Is Paris. Таа веќе најави дека во филмот ќе сподели многу мрачни детали од нејзината младост, а дел нив откри и сега.

Во интервју за People, Парис изјави дека додека била тинејџерка, преживеала ужасно малтретирање во училиште во Јута.

„Долго време ја чував мојата тајна. Но, горда сум на силната жена во која се претворив. Луѓето можеби претпоставуваат дека во животот сè сум добивала лесно, но сакам да му покажам на светот која сум вистинската јас“, ја почнува Парис нејзината приказна.

Кога беше тинејџерка, Парис живееше во Њујорк, во хотелот Waldorf Astoria, со нејзиното семејство. 39-годишната наследничка вели дека тој период често се искрадувала од дома за оди на забави – нејзините родители биле толку строги, што таа чувствувала потреба да стане бунтовник.

„Ме казнуваа така што ми го земаа телефонот или кредитната картичка, но тоа не функционираше“.

ne-udiraa-ne-zatvoraa-vo-samica-i-po-20-chasa-dnevno-paris-hilton-otkriva-mrachni-detali-od-tinejdzherskite-godini-03.jpg

Кога на нејзините родители, Рик и Кети, им дошло „преку глава“ од однесувањето на Парис, ја испратиле во училиште каде што, наводно, фокусот бил врз менталниот развој на децата. Со други зборови, Парис била испраќана во поправни установи.

17-годишната Парис одела во неколку вакви училишта, но последното, Provo Canyon School, било најлошо. Парис трпела психичко и физичко малтретирање, а останала таму цели 11 месеци.

Како што вели самата, веднаш знаела дека таму ќе ѝ биде полошо од каде било, а малтретирањето било секојдневие.

„Тоа требаше да биде училиште, но училишните часови дефинитивно не беа главниот фокус. Од моментот кога се будев, па сè до вечерта, ми викаа и ме малтретираа“, вели Парис…

Преземено од Црнобело

Треба да знаете
Последни објави