Играчот од средниот ред Тијагo Алкантара нема да го напушти германскиот и европски фудбалски првак Баерн, изјави трeнерот Ханс-Дитер Флик.
На прашањето дали ова беше последниот натпревар во составот на Минхен за шпанскиот фудбалер, Флик одговори негативно.
– Не, тој ми рече дека останува, вели Флик во изјава за веб страницата на УЕФА.
Во сезоната 2019/20, Тијаго одигра 39 натпревари за Баерн, постигна три гола и две асистенции.
Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на играчот на 48 милиони евра.