Се повикуваат сите евидентираните невработени лица што се заинтересирани да се вклучат во програмата „Општинско-корисна работа“, проект „Социјални услуги за еднакви можности за сите генерации II” за работно ангажирање со скратено работно време за период од:
⦁ 6 (шест) месеци (доколку поседуваат соодветен сертификат за давање социјални услуги);
⦁ 7 (седум) месеци (доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификат за давање на социјални услуги), и
⦁ 9 (девет) месеци (доколку се вклучат во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес)
заради стекнување вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Скопје.
Евидентираните невработени лица што ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часа неделно, при што за време на работниот ангажман од
⦁ 6 (шест) месеци (доколку поседуваат соодветен сертификат за давање социјални услуги)
⦁ 7 (седум) месеци (доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификат за давање на социјални услуги), и
⦁ 9 (девет) месеци (доколку се вклучат во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес)
статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење социјална помош.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата што првпат се јавуваат за учество во Програмата.
За кандидатите што ќе бидат избрани и вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто-износ, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување предизвикано од повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица што ќе се пријават за учество во програмата „Општинско-корисна работа“ работа треба да припаѓаат на една од следниве целни групи невработени лица:
X долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
X млади лица до 29 години
X лица постари од 50 години
X лица корисници на гарантирана минимална помош
X лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
X лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
X жртви на семејно насилство X лица со попреченост
X самохрани родители
X родители на деца со пречки во развојот
X родители на 3 и повеќе деца
X родители на деца на улица
Работните позиции што се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на:
⦁ За работно место ОБРАЗОВЕН АСИСТЕНТ во времетраење од 9 месеци, потребни квалификации: (дипл. дефектолог, дипл. психолог, дипл. педагог или пак завршено високо образование со положени педагошки предмети),
⦁ За работно место ПОМАГАТЕЛ НА СТАРИ ЛИЦА во времетраење од 7 месеци потребни квалификации: завршено средно образование.
Заинтересираните невработени лица пријави за учество во програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување – Центар за вработување Скопје во периодот од 24.08.2020 година до 31.08.2020 година, од 08:00 до 14:00 часот.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување договор меѓу Општина Аеродром и избраните кандидати.
Детални информации за програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во Општина Аеродром кај лицата Билјана Кочоска-Тодоровска и Зорица Јаќимовска, општински координатори за програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување – Центар за вработување Скопје – кај лицето Никола Ѓуровски, Центар за социјална работа Скопје кај лицето Елена Гугушева.