Францускиот огранок на Фејсбук се согласи да плати повеќе од 100 милиони евра даночен долг, вклучително и парична казна, кој ги опфаќа сметководствените години пред 2018 година, објавено е на веб-страницата на француското финансиско списание „Капитал”.
Според документацијата до која „Капитал” имал пристап, на Фејсбук му било наложено да плати вкупно 104 милиони евра долг, кој вклучува и казна од 22 милиони евра.
Од компанијата се уште нема коментар, а од француското Министерство за финансии велат дека не можат да коментираат за поединечни даночни случаи.