Иван Тричковски беше стрелец на погодок во победата на АЕЛ Ларнака од 2-1 на гостувањето кај Неа Саламис во првото коло од кипарското првенство, објави „24фудбал.ком.мк“.
Тричковски, Мојсов и Спировски беа стартери за АЕК Ларнака на првиот меч од новата сезона кој го играа на гостински терен кај Неа Саламис.
Тричковски го отвори мечот со погодок со глава во 38 минута.
Тој како и Мојсов го одигра целиот меч, Спировски на теренот беше еден час.