Традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите” ќе биде одржана денеска во организација Град Скопје со поддршка на Делегацијата на Европската Унија во земјава.
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, како покровител на средбата, на 32 матуранти првенци на генерацијата (2016-2020 и 2017-2020) од 23 скопски средни училишта ќе им врачи специјални признанија и парични награди.
На средбата со најдобрите матуранти во Куршумли ан ќе присуствува и ќе се обрати и евроамбасадорот Самуел Жбогар.