Германија го укинува задолжителното тестирање на патниците

Германија планира да го укине задолжителното тестирање за Kовид-19 за патниците кои се враќаат од области со висок ризик и ќе ја префрли својата стратегија во болниците и домовите за стари лица.

Федералниот министер за здравство Јенс Спан и покраинските министри за здравство се согласиле дека бесплатните тестови за патниците кои се враќаат од странство ќе бидат укинати кон средината на септември, откако ќе започне учебната година. Мерките треба да стапат на сила или кон средината на септември или на 1 октомври.

Според новата политика, оние што се враќаат од подрачја со висок ризик ќе мора да се изолираат и можат да излезат од карантин ако можат да покажат негативен резултат на тест не постар од пет дена по пристигнувањето.Германија има воспоставено објекти на аеродромите, железничките и автобуските станици за да овозможи задолжително тестирање за луѓето кои се враќаат од области што се сметаат за многу ризични.

Треба да знаете
Последни објави