Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо е пуштен на слобода по притворот кој го заработи во Парагвај каде беше уапсен поради обидот да влезе во земјата со лажен пасош. Некогаш најдобриот фудбалер во светот Роналдињо најпрво помина еден месец во затвор, а потоа беше префрлен во луксузен хотел каде ја издржувашѓе казната домашен притвор. Роналдињо помина вкупно шест месеци во притвор.
Роналдињо во Парагвај пристигнал на промоцијата на неговата книга, но не можел ниту да претпостави со какви проблеми ќе се најде. Судијата Густаво Амарила сега одлучи да ги пушти на слобода Роналдињо и неговиот брат Роберто де Асис.
Додека беше во затворот Роналдињо бил омилен меѓу затворениците со кои играл фудбал на турнири, се фотографирал, делел автограми…