Холандскиот фудбалски великан Ајакс е заинтересиран да доведе Луис Суарез во своите редови и му нуди плата од три милиони евра годишно. Сепак Суарез нема да го напушти каталонскиот клуб, објави новинарот на „Скај Спорт Италија”, Џанлука ди Марцио.
Според изворот, 33-годишниот Уругваец не сака да го напушти шпанскиот клуб заради високата плата од 25 милиони евра годишно.
Суарез игра за Барселона од 2014 година. Минатата сезона тој постигна 21 гол и седум асистенции на 38 натпревари во сите натпреварувања. Неговиот догвор со Барса е со важност до јуни 2021 година.