На конкурсот „Современи бајки од Македонија” се пријавиле 316 автори од земјава со 442 бајки, соопшти издавачката куќа „Арс Ламина”, која го реализираше конкурсот заедно со Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!”. Конкурсот траеше од 1 јули до 17 август 2020.
Пристигнатите авторски творби во следниот период ќе бидат селектирани и ќе ги оценува стручно жиро кое ќе избере четири бајки што ќе бидат илустрирани и издадени како посебни сликовници. Поединечната награда за откуп на авторските права на една бајка ќе изнесува 25.000 денари. Се очекува избраните бајки да бидат објавени до крајот на годинава.
Ангелка Пеева-Лауренчиќ, член на Управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!”, изјави дека охрабрува одѕивот на конкурсот и големиот број