Директорот на американската Поштенска служба сведочеше во Сенатот за покривање на изборите

Првиот човек на Поштенскaта служба на САД, Луис Деџој, синоќа сведочеше пред сенатската Комисија за национална безбедност и владини прашања во врска со планираното масовно гласање преку пошта во САД, поради пандемијата на Ковид-19. 

Пред комисијата тој кажа дека нема промена на политиката во однос на изборната пошта за изборите во 2020 година, и вети дека по пошта испратените гласачки ливчиња ќе бидат спроведени „безбедно и на време” за ноемвриските избори.

Деџој пред сенатската комисијата се обрати виртуелно.

Ова е првпат директор на американската пошта (УСПС) да одговара на прашања на законодавците во врска гласањето преку пошта. Се стравуава од доцнење на поштенските пратки, што се припишува на политиката за намалување на трошоците.

Ова пак, предизвикува загриженост кај републиканските законодавци, како и кај претседателот Доналд Трамп, кој многупати досега го критикуваше масовното гласање преку пошта планирано на претседателските избори закажани за 3 номеври, а поради сомнеж од манипулации и изборен фалсификат од ненавремено доставување на гласачките ливчиња.

Деџој не можеше да изложи детален план за тоа како ќе обезбеди гласачките ливчиња да стигнат на време, но даде уверување и посочи  дека во УСПС работат „многу посветено” за тоа да не стане проблем.

Треба да знаете
Последни објави