Од БиХ чекаат на границата со Хрватска да преминат 10.000 мигранти

Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ изјави дека годинава притисокот на мигрантите на хрватската граница од БиХ е за 20 проценти поголем.

Тој рече дека има околу 10.000 мигранти на подрачјето на Унско-санскиот кантон во БиХ.

„Како и секогаш, хрватската полиција е на висина на задачата, спречува нелегална миграција и многу би ни помогнало ако Босна и Херцеговина го контролира нивното влегување на нејзината територија, затоа што тогаш ќе им биде полесно на жителите на Унско-санскиот кантон и на другите делови на БиХ, а со тоа и на Хрватска“, заклучи министерот Божиновиќ, јави загрепската телевизија Н1.

Треба да знаете
Последни објави