Меѓународните судии утрово во Хаг го почнаа дводневното сослушување во жалбената постапка за случајот на Ратко Младиќ, некогашниот воен командант на боснаските Срби на кого му е изречена доживотна казна затвор за геноцид во Сребреница и други воени злочини.
Жалбената постапка во Хаг беше неколку пати одложувана бидејќи 78 годишниот Младиќ имаше хирушка интервенција за одстранување на полипи од дебелото црево, а потоа поради пандемијата со коронавирусот. Сегашниот почеток е според епидемиолошки протокол под заштитни маски и одржување на физичка дистанца.
Пре повеќе од 20 години по војната во БиХ во која погинаа повеќе од 100.000 лица и раселени се 2,2 милиони граѓани од БиХ, Младиќ на кого му дадоа прекар „месарот од Босна“, прогласен е за виновен по десет обвиненија.