Демонстрантите втора ноќ по ред направија пустош во Кеноша, Висконсин, палејќи пожари во зградите и судирајќи се со властите поради полициското пукање во Џејкоб Блејк, пренесува „Њујорк пост“.
Пркосејќи му на полицискиот час, насобраната толпа запали продавница за мебел, зграда во која е сместена Канцеларијата на затворската управа на Висконсин и автомобили во локалниот автосалон, покажуваат снимките објавени на социјалните мрежи.
https://twitter.com/ShelbyTalcott/status/1298108679162560512
Шелби Талкот, известувач на „Дејли колер“, објави видео на Твитер од продавницата за мебел целосно зафатена од пламен. Друго видео објавено од Хорхе Вентура од „Дејли колер“ прикажува неколку автомобили во пламен.
Претходно во текот на ноќта демонстрантите се судрија со полицијата пред судот во округот Кеноша. Снимките објавени на Интернет покажуваат дека демонстрантите фрлаат предмети, вклучително и шишиња кон полицијата, која возвратила со солзавец.
2nd night in a row 'Car Source' dealership in #Kenosha has been set on fire by the mob #Wisconsin pic.twitter.com/ysa4vp3qEc
— Jorge Ventura Media (@VenturaReport) August 25, 2020
Хаосот продолжува, а Блејк (29) останува хоспитализиран откако неколкупати беше застрелан во грбот од полицаец кој се обидуваал да го спречи да влезе во неговиот автомобил во неделата попладне. Семејството на Блејк претходно понеделникот ги повика демонстрантите да се воздржат од насилство.
„Ние нема да ги оправдаме постапките на полицискиот оддел Кеноша, но неговата мајка бара сите да останат мирни“, твитна братучед на Блејк.