BtoBet стана дел од глобалниот iGaming гигант NeoGames

Домашната ИТ компанија BtoBet стана дел од глобалниот гигант за софтверски решенија и услуги за електронска лотарија, NeoGames. По прифаќањето на понудата за аквизиција од страна на Aspire Global, од која BtoBet е дел, NeoGames стана сопственик на групацијата и нејзините подружници, реализирајќи стратешка одлука која ќе обезбеди неспоредлива понуда во однос на конкурентите, покривајќи го во целост “iGaming” синџирот на вредности.

Интеграцијата на платформата за спортско обложување на BtoBet базирана на напредна технологија со врвните технолошки решенија на NeoGames, Aspire Global и PariPlay, ќе генерира долгорочна вредност за акционерите преку капитализирање на клучните предности на компаниите, притоа отворајќи можности во постоечките, но и позиционирање на нови пазари.

„Ова се навистина возбудливи времиња за BtoBet. Изградивме и успешно одржуваме позиција на водечки снабдувач на софтверски решенија за спортско обложување, како во однос на еволуцијата на производите, така и во однос на географската експанзија. Аквизицијата на нашата групација Aspire Global од бизнис гигант каков што е NeoGames е потврда за стратешко, но и културолошко вклопување на две компании кои бележат значителни успеси на светскиот пазар. Меѓудругото, оваа бизнис одлука е и потврда дека BtoBet како компанија дополнително се зајакнува и продолжува да расте на глобално, но и на локално ниво. Со ова се отвораат и големи можности за нашите постојни и потенцијални вработени кои имаат шанса да се надградуваат и да работат со повеќе од 1000 професионалци, во вкупно 10 канцеларии ширум светот“, вели оперативниот извршен директор на BtoBet, Дима Ридерман, според кој и покрај аквизицијата на Aspire Global од страна на NeoGames, можностите за соработка во рамки на самата групација сè уште не се целосно максимизирани и постои голем број полиња за раст и постигнување значителни резултати во иднина.

Трансакцијата вредна над 400 милиони долари ќе создаде водечки глобален провајдер на интерактивна содржина, комерцијална технологија и операции за игри, допирајќи до потенцијален вкупен адресибилен пазар од 74 милијарди долари.

Треба да знаете
Последни објави