Неколку договори на играчи на Барселона се предмет на преговарање, пренесува „Мундо Депортиво”, повикувајќи се на „Радио Каталуња”.
Раководството на каталонскиот клуб ќе ги замоли Џерард Пике, Серхио Бускетс, Жорди Алба и Серхи Роберто да се согласат на намалување на платите.
Барањето на клубот се должи на тешката економска состојба во која се најде Барселона поради пандемијата на коронавирус.
Новиот тренер Роналд Куман веќе им соопшти на неколку играчи дека нема да смета на нив, па доколку некој од нив се сложи да си замине и тоа ќе придонесе за подобрување на финансиската состојба.