Нојер прогласен за најдобар играч во финалето на Лига на шампиони

Европската фудбалска асоцијација – УЕФА го прогласи голманот на навиот европски шампион  Баерн Минхен, Мануел Нојер за најдобар играч во финалето на Лигата на шампионите.

Баерн во финалето одиграно во Лисабон во неделата го совлада ПСЖ со 1:0 и по шести пат стана европски шампион.

Нојер победи во конкуренција на соиграчите Кингсли Коман и Тиаго Алкантара, како и дефанзивецот на ПСЖ, Маркинонс.

Треба да знаете
Последни објави