На денешната собраниска седница се обрати и Гордана Силјановска Давкова пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија. При своето излагање Силјановска Давкова посочи дека на Собранието на Република Македонија не и се потребни пет потпретседатели, туку само двајца.
„Во време на Ковид криза, во време кога сите ги рационализираат статусите, обврските, ние остануваме на пет потпретседатели. Очекував да ги намалите на двајца. Зошто тврдам дека во компаративното парламентарното право според бројот на пратениците ние имаме најголем број на потпретседатели“, нагласи Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова додаде дека сето ова е непотребно, веќе овде станува збор за битка на статус за жал. Парламентот нема да има корист од толкав број на потпретседатели. Само од сето ова Македонија ќе има трошоци.
„Ако може Швајцарскиот совет да има двајца потпретседатели, прв и втор, не ми е јасно чуму ни се нам пет“, запраша Силјановска Давкова.