УЕФА одлучи да ги отвори вратите за навивачите на Суперкупот во Будимпешта

УЕФА потврди дека натпреварот од Суперкупот во кој ќе се соочат победниците од фудбалската Лига на шампионите и од Лига Европа, Баерн Минхен и Севилја и ќе се игра во септември со присуство на публика на трибините  во Будимпешта на 24 септември.

Извршниот комитет на УЕФА донесе одлука натпреварот во Будимпешта да се игра пред 30% исполнет стадион и истиот ќе претставува испит за тоа како треба да изгледа играњето на натпревари пред публика.

Останатите натпревари кои се организираат под капа на УЕФА, а кои се  во рамките на квалификациите од Лигата на шампионите и Лига Европа, ќе се играат пред празни трибини.

– Она што беше важно е да се покаже дека фудбалот може да се игра и во тешки времиња, но без публика се загуби карактерот на играта.

– Се надеваме дека Супер купот во Будимпешта ќе биде пилот проект и ќе биде почеток на за враќање на публиката на натпреварите.

– Работиме заедно со унгарските власти за да се имплементираат мерките за да се обезбеди здравјето на сите присутни на натпреварот. Нема да преземаме ризици со здравјето на граѓаните, -стои во соопштението од УЕФА.

Треба да знаете
Последни објави