Куман ја зголемува листата со играчи кои треба да си заминат од Барселона

Холандскиот фудбалски стретег Роналд Куман која ја презеде екипата на Барселона по срамниот пораз од Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампионите (2:8) почна да ја составува листата со играчи на кои нема да смета во наредната сезона. Покрај Луис Суарез на кого најпрво му беше соопштено дека може да замине од „Камп Ноу“ , Куман им се заблагодарил и на Иван Ракитиќ, Жорди Алба, Артуро Видал, Самуел Умтити и Жуниор Фирпо. Новиот тренер разговарал и со Жерард Пике и Серхио Бускетс. Од нив клубот побарал да се согласат да им бидат намлени платите, а Куман максимално да се посветат на обврските на теренот.

Пике по поразот од Баерн од 2-8 најави дека може да го напушти каталонскиот гигант, секако доколку тоа е желба на новиот стратег. Тамошните медиуми пишуваат дека Куман и Пике имале средба, на која холандскиот стратег му соопштил на 33-годишниот фудбалер дека и натаму ќе биде главен клуч во одбраната и дека од него во иднина се очекува максимална посветеност. И Бускетс е на списокот од Куман, кој му ветил дека ќе биде во стартната постава, но доколку има желба да си замине, челниците на клубот нема да му направат големи проблеми.

Треба да знаете
Последни објави