Во државата Њујорк повторно се отвораат музеите и теретаните

Музеите низ американската држава Њујорк и теретаните во делови од државата надвор од градот Њујорк повторно ќе можат да продолжат со работа во понеделник, согласно олеснувањето на рестриктивните мерки воведени поради пандемијата на коронавирусот.

Според упатствата кои ги објави гувернерот на сојузната држава Њујорк, Ендрју Куомо, максималниот број на посетители дозволени во музеите ќе се намали на 25 проценти од вообичаено, а билетите ќе важат ограничено време.

Куомо исто така рече дека теретаните и фитнес центрите од понеделник ќе можат да работат со третина од капацитетот, но градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио информира дека теретаните во градот ќе останат затворени најмалку до 2 септември.

Треба да знаете
Последни објави