Отфрлена тужбата на Тихановскаја против изборната комисија на Белорусија

Врховниот суд на Белорусија одби да поведе кривична постапка која ја иницира кандидатката на обединетата опозиција Светлана Тихановскаја која поднесе жалба против одлуката на Централната изборна комисија дека резултатите од изборите се регуларни.

Судот ја објави оваа одлука на својата веб-страница.

– Барањето за поведување кривична постапка против одлуката на Централната изборна комисија на Белорусија, кое беше поднесено од Светлана Тихановскаја на 14 август 2020 година, е одбиено. На оваа одлука не може да се поднесе жалба, наведе Врховниот суд на Белорусија.

Треба да знаете
Последни објави