По вчерашните 57 новозаразени во Србија, денеска следуваше нов скок, односно има 106 новозаразени со корона вирус.
Тестирани се 8.646.
Според последните податоци на српското Министерство за здравство и Институтот „Батут“, на респиратор во болниците низ земјата се 36 пациенти.
Министерот за здравство Златибор Лончар најади дека од денеска на сите граѓани кои ќе поминат на премините, ќе им се делат посебни брошури со упатства за однесување.