Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко синоќа бил хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, потврдија од ДУИ за Плусинфо.
Мерко е позитивен на коронавирусот и засега, како што велат од партијата, тој се наоѓа во стабилна состојба.
Градоначалникот на Струга е еден од двајцата нови позитивни на коронавирусот од Струга, каде до вчера имаше 142 активни случаи.