Во рамките на десеттата ликовна колонија „Љубанци 2020″, денеска ќе се одржи детскиот ликовен ден на кој ќе учествуваат дваесеттина талентирани ученици од седумте основни училишта во општина Бутел.
Како што информираат од општината, учениците заедно ќе сликаат со дваесеттината ликовни уметници кои работат на своите уметнички дела од понеделникот, кога беше отворена десеттата, јубилејна, ликовна колонија „Љубанци 2020″.
По овој повод ликовната колонија ќе ја посети градоначалникот Велимир Смилевски.