Светскиот економски форум, кој требаше да се одржи во Давос во јануари следната година, е одложен поради пандемијата на коронавирус и ќе се одржи на почетокот на летото, објавија организаторите.
„Советот на стручњаците е дека не можеме да организираме безбеден состанок во јануари“, соопшти СЕФ.
Конференцијата за предизвиците на глобализацијата на швајцарските Алпи се одржува од 1971 година, а меѓу нејзините гости честопати се светските лидери како што се американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Ѓинпинг.
Наместо конференција, организаторите најавуваат виртуелни разговори на високо ниво во неделата од 25 јануари идната година.