Kриси Тиген покажува хуманост пред почетокот на новата учебна година

Криси Тиген купува училишни материјали за да им помогне на наставниците да ги опремат своите училници за претстојната учебна година.

34-годишната манекенка дома ги подучува своите деца – Луна (4) и Мајлс (2) – кои ги има со сопругот Џон Леџенд, среде пандемија на коронавирус, но имајќи предвид дека многу училишта се подготвуваат повторно да отворат по летната пауза, Криси понуди да ја плати сметката за некои потребни материјали.

Криси, која моментално очекува и трето дете, на социјалните мрежи објави неколку фотографии од нејзината импровизирана училница во домашни услови и им порача на наставниците да напишат список со потреби на сајтот „Амазон“ во коментари, каде што потоа таа ги причита и ги купи предметите што ги бараат.

Таа напиша: „Ако сте наставник кој има потреба од материјали за претстојната учебна година, ве молам ставете го вашиот список овде во „Амазон“ како коментар, а јас ќе направам сè што можам!“

Треба да знаете
Последни објави