Капитенот на Барселона, Лионел Меси сака да ги смени клубовите. Според „Гардијан”, Манчестер сити смета дека клубот има шанса да го добие 33-годишниот Аргентинец. „Граѓаните” се убедени дека ќе можат бесплатно да го потпишат играчот или за релативно мала сума.
И Меси е уверен ќе може да ја напушти Барселона бесплатно. Каталонскиот клуб инсистира на исплата на надоместок, чија сума е 700 милиони евра.
Клаузулата според која Меси можеше да го напушти клубот бесплатно, истече на 10 јуни. Сепак, овој датум е врзан за крајот на сезоната, рокот истече 10 дена пред крајот на сезоната. Затоа, придружбата на Меси е уверена дека терминот на клаузулата треба да се префрли, бидејќи сезоната за Барса заврши на 23 август.
Пеп Гвардиола, под чие водство Меси играше во Барса од 2008 до 2012 година, сака да го види фудбалерот во Сити.
Се очекува ПСЖ да учествува во борбата за Аргентинецот.
Претходно беше објавено дека Меси сака да игра за Манчестер сити. Потоа, имаше информации декапремиерлигашот може да му понуди договор за 3 години со можност за понатамошно преселување во Њујорк сити.