Бред Пит отиде на одмор со драстично помладата девојка, која личи на Џоли, на романтичниот имот на југот од Франција кој го купи заедно со Анџелина Џоли и на кој се венчаа.
Бред Пит е фотографиран на аеродром во Франција по слетувањето со 27-годишниот германски модел Никол Потуралски, за која многумина велат дека наликува на Анџелина Џоли.
Со маска на лицето и шапка на главата, Бред Пит изгледаше стилски, подготвен да мине романтичен одмор на југот од Франција со Никол.
Очевидец изјави дека Никол била вистинска убавица и очигледно драстично помлада од Бред Пит, но двајцата се однесувале како вљубени тинејџери.
Инаку, на луксузниот имот на југот од Франција Бред и Анџелина стапија во брак во 2014 година, одеа на заеднички одмори, а имотот има 35 соби и во него вложени се милиони за реновирање.
Никол која обожава да патува по светот се верува дека живее во Берлин. Таа веќе 10 години чекори по модните писти, говори 5 јазици и е омилен модел на многу дизајнери…
Преземено од Црнобело