Јапонската тенисерка Наоми Осака соопшти дека нема да го игра полуфиналениот меч на Мастерс Синсинати како поддршка на борбата против полициската бруталност во САД. Осака обезбеди пласман на турнирот кој се игра во Њујорк откако со голем пресврт ја совлада Анет Контавеит, но одлучи денеска да не се појави на теренот и да и се спротивстави на Елиз Мертенс.
Поради тоа организаторите на турнирот одлучија да дадат подршка на бојкотот почнат од НБА лигата, а на кој се придружија МЛС-лигата, се одложија мечеви во женската НБА-лига, како и МЛБ-бејзбол лигата.
Мечевите кои денеска требаше да се играат на Мастерс турнирот во Синсинати, се одложени.
Според планот, турнирот во Синсинати ќе продолжи утре.