Берзата на Нов Зеланд денеска нема да биде отворена за тргување поради кибер нападите во текот на последните два дена, соопшти операторот на берзата НЗКС.
Во соопштението се наведува дека хакерскиот напад предизвикал проблеми со мрежното поврзување, но се изразува надеж дека тргувањето ќе продолжи во петок.
„Донесовме одлука да не ја отвориме платформата за тргување сè додека не го решиме проблемот”, се наведува во соопштението на Берзата.
Цел на кибер нападите извршени во вторникот и средата беше мрежниот провајдер на Берзата.