Јубилејното десетто издание на фестивалот на нова музика „Здраво млади” ќе се одржи вечер во паркот МКЦ. На фестивалот ќе можат да се слушнат/видат Efterklang, Funk Shui, Lalalar, PMG Kolektiv, DJ FITZ и Сали Ертунч со изложбата „25-тата слика – Неслушнатото, невиденото и незбореното”.
Вратите се отвораат во 18:30 часот. Фестивалот, како што информира Младинскиот културен центар (МКЦ), ќе се одржи под посебни безбедносни и здравствени мерки, дефинирани во протоколот за организација на јавни настани: https://vlada.mk/protokoli-koronavirus .
Билетите по цена од 500 денари се достапни на билетарницата во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk.
Фестивалот е поддржан од делегацијата на ЕУ во Скопје.