Тренерот на Манчестер сити, Јосеп Гвардиола ќе остане во клубот, објави новинарот Николо Скира.
Според Скира, 49-годишниот Шпанец веќе преговара со раководството на клубот за продолжување на договорот до 2022 година.
Минатата сезона Манчестер сити заврши на второто место во Премиер лигата и стигна до четвртфиналето на Лигата на шампионите, каде загуби од Лион (1:3).
Токму со тренерот Гвардиола, се поврзува и евентуалното доаѓање на „Етихад” на Лионел Меси, кој во минатото има работено со шпанскиот стручњак.